ВРВНО ИЗДАНИЕ Популарната адвокатка прошета во најмодерните обувки за секој ден (ФОТО)

Хит оваа сезона

Совршен избор за на работа, а и за излегување во град.

Амал Клуни прошета низ улиците на Њујорк во елегантна облека која може да послужи како совршена инспирација за сите деловни жени. Едноставна, но модерна и привлечна, и доста лесно да се копира бидејќи е вообичаено парче облека.

Амал избрала краток бел фустан со А-крој во комбинација со црни хулахопки, кои се секогаш добро решение во постудените денови. Овој фустан е многу практично парче, бидејќи лесно може да се носи за на работа со дебели хулахопки, но одлично парче е и за романтична вечера или свечен ручек.

Свој печат на оваа комбинација славната адвокатка стави со впечатливиот црн капут од твид со впечатливи копчиња и бели реси. На сè додаде голема, кожена, црна чанта во која се наоѓаат сите потребни работи, а ни се допадна и нејзиниот избор на чевли.

Амал ги избра најмодерните обувки на сезоната – таканаречените чевли на Мери Џејн, докажувајќи ни колку овој модел е истовремено практичен и женствен. Таа се одлучи за црн лакиран модел со дебела, блок-петица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @__amal_clooney_style__

Фото: Instagram (@__amal_clooney_style__)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.