Шепички – старински колачиња од ореви и маст: Меки како душа, а колку подолго стојат толку повкусни стануваат!

Пробајте!

Замесете тесто и пригответе вкусни ситни колачиња по старински рецепт

Ова е старински колач што може долго да стои. Некогаш задолжително го приготвувале за свадби и празници. Шепичките се прават со маст, бидејќи тоа им го дава она познато чувство на топење в уста. Секако, може да се приготват и со маргарин или путер. Се печат во посебни лимени калапи со разни форми.

Состојки:
  • 250 г свинска маст
  • 250 г шеќер
  • 3 јајца
  • 250 г мелени ореви
  • 500 г брашно тип 400
  • шеќер во прав за посипување
Приготвување:

Изматете ги маста, шеќерот и јајцата. Потоа, додајте брашно и ореви, па добро замесете тесто. Калапите подмачкајте ги со маст и посипете ги со брашно, па полнете ги со тесто, не сосема до врвот, бидејќи шепичките ќе нараснат за време на печењето.

Треба добро да го потиснете тестото, за да ви излезат што подобро. Редете ги шепичките во плех и печете ги на 180 степени, 15-20 минути. Извадете ги печените шепички од калапите и извалајте ги во шеќер во прав, поросен со ванила.

Слатки и неодоливи: Не сте пробале повкусни колачиња од овие чоколадни бушавци!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.