Послугата на најбогатиот човек мора да потпише „договор за смрт“: Им плаќа 5.000 евра месечно, а 1 работа е строго забранета!

Прочитајте

Послугата на најбогатиот фудбалер Кристијано Роналдо дебело е платена, но мора да се откаже од една работа веднаш штом стапне во неговата куќа

Кристијано Роналдо е еден од најбогатите фудбалери на светот, а како таков, често се наоѓа во центарот на вниманието. Славниот фудбалер има неверојатна животна приказна, а неодамна се шпекулираше дека ѝ плаќа на својата избраничка Георгина за да му ги чува децата.

Познато е дека Роналдо сака да живее луксузно. Ужива во раскошна куќа во која има голем број слуги. Многумина мислат дека неговата послуга е привилегирана, со оглед на тоа што на некој начин живее со славниот фудбалер, а има и висока плата.

Но соработката со најпопуларниот фудбалски играч на светот значи и откажување од нормалниот живот, како и од многу други работи.

На пример, готвачот, батлерот и собарките заработуваат 5,2 илјади евра месечно. Но секое влегување во вилата на Роналдо и потпишување договор значи откажување од претходниот живот, и тоа поради еден детаљ.

Имено, Роналдо со секој член на послугата потпишува „договор за смрт“, односно секој вработен се обврзува дека 70 години по смртта на фудбалерот нема да зборува ништо за животот на Португалецот.

Фудбалерот неодамна го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот, според кој ќе заработува дури 500 милиони за речиси три години играње за клубот Ал Наср од Саудиска Арабија.

Шест правила кои мора да ги почитуваат децата на Роналдо: Многумина велат дека е престрог во воспитувањето!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.