Грчка ледена торта: Медитерански десерт број 1 за сите годишни времиња!

Кремаст десерт полн со чоколадо

Торта што ќе ја обожава цело семејство

Состојки:
  • 250 г мелени интегрални бисквити
  • 100 г маргарин
  • 400 г чоколадо за готвење
  • 200 г крем-сирење
  • 100 г бело чоколадо
  • 400 мл слатка павлака
Приготвување:

Во тенџере растопете го маргаринот, па со него прелејте ги мелените бисквити и промешајте. Месете ја смесата со рака додека не се соедини, па распоредете ја во тркалезен калап обложен со фолија.

Скршете го чоколадото и ставете го да се стопи. Додајте слатка павлака и мешајте. Кога ќе се стопи чоколадото, тргнете го од оган, додајте крем-сирење и мешајте додека се соедини смесата.

Префрлете ја смесата во длабок сад и матете ја со миксер додека не стане пенеста, па прелејта ја врз корите од бисквити и оставете ја да се олади и зацврсти.

Белото чоколадо скршете го и растопете го со малку масло, па прелејте го врз тортата. Вратете ја тортата во фрижидер за да се олади добро. По желба украсете ја со малку кокос или рендано бело чоколадо.

Уживајте!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.