4 генијални трикови за виткање кифлички: Вака ќе го направите најубавото тесто!

Совет од искусни домаќинки

За љубителите на солени и слатки производи од тесто, предлагаме неколку начини на виткање кифлички

Прв начин:

  • Направете еднакви топчиња од тестото, најдобро е да ги измерите на вага.
  • Секое топче расукајте го со сукало во форма на заоблен триаголник, така што едниот врв ќе биде поостар.
  • Со дланки внимателни замотајте ги краевите на долгите страни, свртете го триаголникот наопаку, ставете фил на кратката страна и замотајте ја кифличката, така што остриот врв ќе дојде оздола, за да не се отвори во текот на печењето.
  • По печењето кифличките ќе имаат заоблен облик и совршен вкус.

Втор начин:

  • Расукајте тркалезна кора од тестото и со нож за пица исечете го кругот на 8 или повеќе делови. Бројот на триаголници зависи од тоа колку сакате да ви бидат големи кифличките.
  • Замотајте го секој триаголник, а пред тоа ставете фил на пократката страна од триаголникот. Ако триаголниците се подолги, ќе ви испаднат подобро, бидејќи кифличките ќе бидат подобро завиткани и нема опасност да истече филот при печењето.
ФОТО: Shutterstock

Трет начин:

  • Направете еднакви топчиња од тесто и секое расукајте го во триаголник.
  • Ставете фил, сладок или солен, и потоа остриот врв исечете го на 3 места со нож, а кифличката замотајте ја. Кога ќе ја замотате, пресеците што сте ги направиле ќе останат озгора и кифличките ќе имаат многу интересен изглед.

Четврти начин:

  • Формирајте заоблен триаголник, но половината без фил се притиска со ролер за тесто кој прави решетка. Потоа, кога ќе ги замотате кифличките, ќе имаат форма на решетки.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.