Еве што кралицата Елизабета Втора има заедничко со Кејт Мидлтон, а никогаш нема да го има со Меган!

Кој би рекол?

Сигурно се прашувате што има заедничко меѓу кралицата и војвотката од Кембриџ

Кејт Мидлтон (37) и нејзината ќерка принцезата Шарлот (4) со британската кралица Елизабета Втора делат нешто што кралицата никогаш нема да го дели со сопругата на принц Хари, Меган Маркл.

Сега сигурно се прашувате што имаат заедничко кралицата, Кејт и малата принцеза. Станува збор за полното име и презиме.

Имено, Кејт и принцезата Шарлот, која неодамна тргна во прво одделение, исто така се викаат Елизабет. Иако војвотката од Кембриџ ја викаат Кејт, нејзиното полно име е Кетрин Елизабет Мидлтон, додека полното име на малата принцеза е Шарлот Елизабет Мидлтон, со што сопругата на принцот Вилијам и’ оддала чест на кралицата.

Од друга страна, полното име и презиме на војвотката од Сасекс е Рејчел Меган Маркл. Со оглед на тоа што е родена во Америка, нејзините родители не можеле ни во најубавите соништа да си замислат дека нивната наследничка ќе стане дел од британското кралско семејство, па така разбирливо е што и’ го дале името Елизабет.

Инаку, името Елизабет потекнува од еврејскиот јазик и значи „Мојот бог е завет“.

Сепак, тешко е да се поверува дека Шарлот поради името и’ е подрага на кралицата од внукот Арчи што и’ го подарила Меган.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.