Десерт на денот: Шушкав колач со грејпфрут

Совршено задоволство

Ако досега не сте знаеле дека биберот може да се користи како состојка за приготвување слатки колачи, ова е можност да се уверите во тоа!

Секако, станува збор за цитрусен вид бибер кој дава свежина. И не само тоа, ова шушкаво задоволство е направено и од масло од ориз. Сè на сè, многу интересни состојки, а резултатот е извонреден.

СОСТОЈКИ:

170 г шеќер
140 г брашно
50 мл масло од ориз
40 г ф’стаци
30 г шеќер
сол
малку квасец (може и сув)
4 јајца
црвен грејпфрут
половина лажиче тимут-бибер (познат како грејпфрут-бибер)

 

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Изматете ги со миксер жолчките со 70 г шеќер и прстофат сол.

Додајте го маслото и малку подоцна 80 мл сок од грејпфрут. Потоа, додајте половина лажиче грејпфрут-бибер и половина лажиче рендана кора од грејпфрут и на крајот брашно и квасец.

Изматете ги белките со преостанатиот шеќер, па внимателно додајте ги во жолчките.

Истурете ја смесата во калап за куглоф и печете 50 минути во рерна на 160 Целзиусови степени.

Извадете го колачот од рерната, но не и од калапот. Оставете го да се излади. Пред да го извадите од калапот, поминете со нож по рабовите за да го одлепите од калапот.

Премачкајте го по рабовите со сируп направен од сок од 1 грејпфрут и 100 г шеќер што се вари 5 минути.

Потоа ставете ги сечканите ф’стаци на работ над сирупот. Излупете 3 до 4 парчиња црвен грејпфрут, извадете го мекиот дел и наредете го на колачот.

Добар апетит!

Текст и фото: Grazia.rs

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.