Предјадење: Крцкава, похувана моцарела со сос од мајоран

Се топи во устата!

Ова бисерно мазно, порцеланско бело, несолено, меко, сирење од југот на Италија го обожаваме и добредојдено е на трпезата во секаква форма.

Совршено предјадење или лесен оброк. За појадок или вечера, а можеби и за ручек или ужина. Сепак, извонредниот вкус на моцарела ќе ве однесе на патиштата на италијанската кујна.

Состојки:

200 г моцарела

2 јајца

100 г брашно

100 г лебни ронки

лажичка сол

ситно сечкан свеж магдонос

1/2 лажичка лута мелена пиперка

малку бибер по желба

масло за пржење

сусам за валање на топчињата

Приготвување:

Исечете ја моцарелата на парчиња по жечба, доколку не сте го купиле стандардното пакување во форма на топчиња. Подгответе ја смесата за панирање: измешајте брашно, сол, бибер и лебни ронки. Во друг сад, пенесто изматете ги јајцата.

Секое парче моцарела валајте го прво во јајца, а потоа во смесата за панирање. Во загреано длабоко масло пропржете го сирењето додека добие златно-кафеава боја и крцкава кора. Испечените парчиња валајте ги во сусам и редете ги во сад обложен со салфетка, која ќе го впие вишокот маснотии. Не поклопувајте го садот за  да остане крцкава моцарелата.

Пригответе го сосот од кисела павлака со малку мајонез, неколку капки лимон и суви листови мајоран или некој друг зачин што го сакате.

Добар апетит!

Текст и фото: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.