Динстани пилешки батаци со буковка и чери-домати

Главно јадење

Пробајте пилешко месо на поинаков начин, со комбинација на вкусови кои ќе ве воодушеват.

Хармонична симфонија од различни вкусови го карактеризира ова јадење, совршено за оброк за романтичен ручек или вечера со чаша од вашето омилено вино.

СОСТОЈКИ:

4 пилешки батаци
300 г чери-домати
200 г буковка (или шампињони)
100 г зелени и црни маслинки
30 г капари
лук
мајоран
сол
концентрат од домати
бујон (пилешки или од зеленчук)
суво бело вино
екстра девственото маслиново масло

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Одделете ги батаците од карабатакот така што ќе ги пресечете на глуждот. Исечете ги на половина чери-доматите, ставете ги во чинијата, посолете ги и оставете ги да отстојат додека ги приготвувате шреостанатите состојки.

Во тава, загрејте малку масло со 1 сечкан (нелупен) лук. Посолете ги батаците и карабатаците и пржете ги десетина минути. Извадете ги парчињата месо од тавата, па отстранете ги лукот и маснотијата што ја ослободило месото.

Во тавата, истурете чаша бело вино за да се разредат карамелизираните делови од дното, додајте малку мајоран и вратете го месото во тавата пред целосно да испари виното. Прелијте со 4 чаши бујон, додајте една лажица доматен концентрат и оставете да се готви на средна топлина околу 40 минути.

Во друга тава, пропржете ја буковката исечкана на парчиња во масло со 1 чешне лук. По пет минути, додајте ги чери-доматите, капарите и маслинките. Заедно пропржете го состојките една минута, па префрлете го во тавчето со пилешкото месо да се крчкаат уште пет минути.

Добар апетит!

Текст и фото: Грација.рс

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.