Брзо и лесно: Торта од палачинки и чоколаден крем

Нема да можете да одолеете

Палачинки со мелени лешници во тестото, наредени во форма на торта со шлаг и чоколаден крем. Брзо, лесно и едноставно.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 1 шолја брашно (околу 2 dl)
  • 1 dl млеко
  • 2 dl вода
  • ½ шолја мелени лешници
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • 2 лажици масло

За фил:

  • 2,5 dl слатка павлака
  • 2 полжни лажици чоколаден крем

Напомена:

Наведената количина на состојки е доволна за околу 12-15 палачинки во зависност од големината на палачинките. Количината на водата во рецептот е релативна, бидејќи таа зависи од типот на брашно и големината на јајцата. Најдобро е за првата палачинка тестото да биде погусто. Првата палачинка секогаш е „пробна”.

Ако сакате посладок фил, можете да додадете повеќе чоколаден крем.

Лешниците пред мелење, пропржете ги во тавче додека не потемнат и потоа сомелети ги. Освен ако не купувате веќе мелени лешници.

Приготвување:

Слатката павлака изматете ја со чоколадниот крем и ставете ја во фрижидер да се олади.

Изматете го јајцето со шеќерот, маслото, млекото, брашносто и лешниците. Постепено додадете ја водата додека не добиете тесто за палачинки. Доколку ви се чини дека тестото е премногу густо и првата палачинка е премногу дебела, додадете уште вода, но постепено за да не претерате со разредувањето на смесата.

Користете тавче за палачинки кое не лепи, премачкајте го со путер или ставете малку масло па избришете го со салфетка.

Испечете ги сите палачинки.

На чинија ставете ги палачинките, премачкајте ги со шлагот и кремот, ставете друга палачинка и продолжете така се додека не ги потрошите или сите палачинки или сетиот крем. Од горе треба да има фил. Одозгора посипете скршени лешници. Можете да ставите и бобинки.

Со џем од вишна или некој друг по ваш вкус, оваа торта е совршена. Едноставна, брза и вкусна.

Совршен десерт: Овошни залачиња

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.