Брз превртен колач од јаболка: Ќе уживате во секое залче!

Десерт што освојува

Подготовката е многу едноставна а резултатот фантастичен

Името превртени колачи се должи на начинот на подготовка: на дното на садот за печење се става овошје, на кое се става смесата за бисквитот.

Потребни состојки:
  • масло
  • ¾ шолји шеќер
  • ¼ шолја вода
  • 3 шолји јаболка исечкани на тенки резанки
  • ¼ шолја исечкани ореви

За бисквитот:

  • 200 грама брашно
  • 1,5 лажица прашок за печиво
  • ¼ лажичка сол
  • 2/3 шолји шеќер
  • 3 лажици путер
  • 2 жолчки
  • лажичка екстракт од ванила
  • ½ шолја млеко
  • 3 белки

Приготвување:
  • Загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови, па премачкајте со масло тркалезен калап за торта.
  • Измешајте три четвртини шолји шеќер со четвртина шолја вода и загрејте ги на умерена температура.
  • Мешајте додека не се стопи шеќерот.
  • Ставете ги во плех за печење.
  • Врз тоа, наредете ги резанките јаболка во круг.
  • Наросете со ореви и тргнете ја на страна.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.