Ова видео ги топи и најстудените срца: Еве зошто секое дете треба да расте со куче! (ВИДЕО)

Неодоливо

Видео што ќе ви го разубави денот

Психолозите велат дека многу е корисно секое дете да има куче додека расте од неколку причини.

Покрај чувството на одговорност, домашниот миленик му ја зголемува и самодовербата на детето. Кога децата се успешни во грижата за миленикот, тие се горди на себе и се чувствуваат добро. Па така, стануваат и посигурни во себе.

Многу научни истражувања докажале дека децата кои растат со домашни миленици имаат помали шанси за развој на алергии и астма.

Кучињата позитивно влијаат и врз нивните чувства. Исто како и возрасните, децата бараат утеха во домашните миленици кога се тажни или лути. Нивното присуство ги смирува.

И за крај, играта на децата со кучињата е неодолива, а родителите често ги забележуваат тие моменти, па така настанало и ова видео во кое се зачувани сите тие преслатки мигови.

Кога ќе го погледнете следново видео, ќе се уверите дека буквално секое дете треба да расте со куче…

https://www.youtube.com/watch?v=N44aEhG_BJs

Одговорот на ова мало девојче ќе ви предизвика солзи во очите (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.