Топ 5 причини зошто изневеруваат жените, а зошто мажите – откриваме и кога точно почнува швалерисувањето!

Рушиме митови

Откриени се петте главни причини зошто жените изневеруваат, како и фактот дека жените започнуваат афери генерално по третата година од бракот

Новото истражување на веб-сајтот IllicitEncounters.com спроведено на 2.000 луѓе открило зошто жените изневеруваат, а направило анализа и на мотивите на мажите за неверство. Високо на скалата и кај едните и кај другите е досадата во врската.

Повеќето мажи што учествувале биле верни, но имало и такви што не се толку лојално. Интересно е тоа што причините за неверство кај мажите многу се разликувале, а помладите момци го навеле недостигот од секс како главна причина за изневерување на постојаната партнерка, додека жените не го навеле тоа во своите топ 5 причини.

Истражувањето срушило и еден популарен мит дека на мажите им е потешко да останат верни. Имено, тие обично почнуваат со афери по 3 години и 10 месеци во брак, односно подоцна од жените.

Топ 5 причини зошто жените изневеруваат:
  • Досада – им снемало теми за разговор со партнерот.
  • Се оддалечиле поради тоа што поминувале премногу време заедно како последица на карантинот.
  • Поврзување со поранешниот партнер преку социјалните мрежи.
  • Се промениле во бракот.
  • Изневериле поради пијанство.
Топ 5 причини зошто мажите изневеруваат:
  • Им треба повеќе секс.
  • Досада.
  • Се сметаат за премлади за да имаат само една партнерка.
  • Запознале некоја поинтересна.
  • Нивниот пријател изневерувал, па се чувствувале како да пропуштаат нешто.

„Некогаш неверствата ги викавме ‘седумгодишен јадеж’, бидејќи обично се случуваа во кризната седма година од бракот, но тоа време сега е преполовено. Се чини дека и заклучувањата дома резултираа со лоши односи помеѓу партнерите и меѓусебно оддалечување. Ковид-19 го забрза тој тренд“, вели експертката за секс и односи од IllicitEncounters.com, Џесика Леони.

Интересно е тоа што иако изневеруваат, повеќето луѓе што го прават тоа, остануваат со партнерите, а како главна причина за останувањето ги наведуваат лошите финансии и фактот што не можат да си дозволат самостоен живот.

Како да одржите врска или брак во предизвикувачки времиња?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.