„Девојчето пајак“ го воодушеви целиот свет: Мајката дознала за неверојатното хоби на ќерка ѝ на крајно необичен начин!

Интернетот полуде

Кога видела во која поза нејзината ќерка гледа цртани филмови, мајката се шокирала

„Девојчето пајак“ несомнено ги освои срцата на корисниците на социјалните мрежи со своите акробации што ѝ пркосат на гравитацијата. Ова неверојатно 8-годишно девојче има необично хоби што ги воодушеви луѓето ширум светот. Имено, таа гледа телевизија додека седи на таван!

Мајка ѝ го открила ова благодарение на надзорните камери од дневната соба и кога го објавила ова несекојдневно видео на социјалните мрежи, тоа предизвикало лавина коментари. Видеото прикажува како ова мало девојче крајно лежерно се качува од софата во аголот помеѓу двата ѕида, а потоа си одмора на таванот.

Во поза, што навидум ѝ пркоси на гравитацијата, таа си ги вкрстува рацете и ужива во своите омилени ТВ-емисии од крајно необична перспектива. Најфасцинантниот дел во врска со ова е што членовите на нејзиното семејство продолжуваат ноншалантно да гледаат телевизија, не обрнувајќи внимание на нејзините акробации.

Ова покрена лавина различни коментари ширум светот, а некои изнеле и сопствени теории за нејзиниот подвиг. Еден од корисниците му ја припишал оваа способност на фактот што децата имаат помала тежина, а поплочените ѕидови овозможуваат подобро прилепување што го олеснува качувањето и држењето на таванот.

Погледнете како изгледа сето тоа во следново видео…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.