АНА МАРИЈА КУЗМАНОВСКА: „Најголемата лекција што ја имам научено е никогаш да не се потценувам“

У&З прашалник

Дознајте како Ана Марија Кузмановска ја одговори нашата верзија на Прустовиот прашалник

Еден од најдобрите начини да се запознае одредена личност е Прустовиот прашалник на францускиот есеист и новелист Марсел Пруст. Ова е нашата верзија на познатата алатка за разоткривање на човечката природа, а овој пат одговараше диететичарката и нутриционистка Ана Марија Кузмановска, која е позната по својот инстаграм-профил @anamarija.kuzmanovska.

1. Најголемиот тренд моментално се… долгите тексас-здолништа.

2. Личноста на која најмногу ѝ се восхитувам е… мојата баба.

3. Се издвојувам од другите зашто сум… многу емпатична личност.

4. Убавина е… природата што нè опкружува.

5. Се грижам за моето здравје така што… имам добар сон.

6. Мојот животен стил би го опишала како… едноставен и активен.

7. Ме нервира кога… некој постојано се жали.

8. Среќна сум кога… сум покрај моите најблиски.

9. Талент што би сакала да го поседувам е… креативно пишување.

10. Мојот најголем страв е… нешто да им се случи на моите најблиски.

11. Веднаш би се преселила… во село.

12. Најголемата лекција што ја имам научено е… никогаш да не се потценувам.

13. Љубов е… мир и сигурност.

14. Тајна што никој не ја знае е… дека сум луда по мачки и не можам да оставам маче на улица.

15. Омилен сегмент од „Убавина и здравје“ ми е… делот со рецепти и совети за здравје.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

БРАНКО ПОПОСКИ: „Среќен сум кога моите најмили се среќни и насмеани“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.