На 52 години го променила начинот на размислување и сега старее наназад: Трансформацијата е огромна!
Неверојатно
Вели дека нема ништо лошо во стареењето и дека ги прифаќа своите години, но сега е посилна и поенергична од порано
Дениз Киртли сфатила дека сака да направи сериозна промена во својот живот откако се здебелила 20 килограми за време на пандемијата поради менопауза. Одлучила да воведе промени во својот живот два месеца пред 50. роденден. Поради качените килограми, открила дека ни бурмата веќе не ѝ била точна.
Денес, на 52 години, својот изглед им го припишува на тренинзите за сила, исхраната и позитивниот начин на размислување, што ѝ овозможува да има доволно енергија за да го извлече максимумот од својот ден.
View this post on Instagram
Жената која денес изгледа помладо од кога било претходно открива како почнала да старее „наназад“ откако го сменила начинот на размислување.
Својата трансформација ја започнала со пријава кај онлајн-компанија, која ѝ помогнала да смисли план за исхрана и рутина за вежбање. Брзо се вљубила во бодибилдингот и се пријавила на неколку натпревари.
View this post on Instagram
„Навистина можеме да одбереме како ќе старееме. Сè зависи од нашиот начин на размислување.
Староста и стареењето се многу различни и нема ништо лошо во стареењето, јас ги прифаќам моите години. Но зборот ‘стар’ ме тера да размислувам за пад и за тоа како моите најдобри години се зад мене. Она што си го велиме себеси е поважно од сè друго. Стареам, но силна сум и енергична.“
View this post on Instagram
Кога станува збор за нејзината исхрана, Дениз ги исфрлила јаглехидратите и преминала на исхрана фокусирана на протеини, јадејќи пет оброка дневно. Нејзините омилени оброци вклучуваат вафли со висока содржина на протеини, лосос, салата од тиквици и овесни снегулки со банана.
View this post on Instagram
Вежба пет дена во неделата користејќи тегови и ленти за отпор, а своето фитнес-патување го има документирано на социјалните мрежи. Денес води сопствена компанија за фитнес и исхрана.
View this post on Instagram
Меѓутоа, нејзиниот најголем предизвик бил да го промени начинот на размислување и да почне да верува дека може да постигне сè што ќе посака.
Коментарите се заклучени.