Зошто не треба да ги убивате куќните пајаци: Не станува збор за суеверие или пари!

Запомнете!

Најверојатно не сте ни свесни дека токму овие суштества многу пати ве спасиле од заразни болести

Кај нас распространети е верувањето дека не треба да се убиваат пајаците, бидејќи носат пари во домот, но повеќето луѓе сепак ги убиваат.

Ентомологот Мет Бертон советува да не ги убивате, но не поради суеверието, туку од други многу пореални и поважни причини.

Пајаците се важен дел од природата и екосистемот, како и другите инсекти. Во домовите влегуваат случајно или на кратко, за да се заштитат, додека некои видови едноставно сакаат топлина и сакаат да најдат дом за себе во вашиот дом, каде што ќе живеат и ќе се размножуваат.

„Повеќето пајаци што можете да ги видите во вашиот дом се безопасни и не напаѓаат. Можеби дури и ви прават услуга, јадејќи други штетници, па дури и други пајаци и комарци.

Јас и моите колеги спроведовме мало истражување во 50 домови за да видиме кои пајаци живеат во домовите. Немаше дом во кој немаше пајак, а претежно имаше два вида: подрумски пајак и теридиде пајак.

Иако тие спаѓаат во предатори кои јадат се’ што ќе фатат, се фокусираат на други инсекти кои се штетни за луѓето, особено на комарците кои може да бидат носители на опасни заразни болести. Плетат мрежа во која се фаќаат други инсекти и ве ослободуваат од други мали штетници“, раскажал ентимологот.

Природно е да се плашите од пајаци

Имаат многу нозе и најголемиот број видови се отровни, но повеќето од нив имаат премногу слаб отров за да му наштетат на човекот. Забите на повеќето пајаци не се доволно големи и силни за да ја прободат човечката кожа.

Дури и ентомолозите се плашат од пајаци. Но пајаците не доаѓаат за да ви наштетат, тие всушност ги одбегнуваат луѓето, поголема закана сме им ние ним. Убодите од пајаци се исклучително ретки, а бројот на опасни видови е многу мал, како што се црната вдовица и кафеавиот пустински пајак. Тие се опасни, но нивните убоди се многу ретки.

Ако никако не можете да ги поднесете пајаците во куќата, станот или гаражата, наместо да ги срамните со земја, како што обично правиме, ослободете ги и пуштете ги надвор. Тие ќе си најдат друго место.

Запомнете дека не постои просторија во која нема ниеден пајак. Дури и да не ги гледате, тие се тука некаде.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.