Целиот свет тагувал кога се оженил: „Никогаш нема да ме видите со љубовница, тоа не ме интересира!“

Љубовна приказна

Џон Бон Џови за љубовта на својот живот и бракот долг 30 години

Музичарот открил:

На сцена, јас сум рок-ѕвезда. А дома – татко на четири деца и сопруг. Дома воопшто не се однесувам како ѕвезда!“

Џон Бон Џови, американски музичар и основач на популарниот рок-бенд Бон Џови, живее со својата сопруга веќе три децении.

https://www.instagram.com/p/BnClo3sFwKX/

И замислете, ниеднаш не сум зажалил поради тоа“, изјавил пејачот.

Но тоа било тежок удар за повеќето негови обожавателки.

Многу срца беа скршени кога во 1989 година, тој со својата средношколска љубов побегнал во Лас Вегас и се оженил. Во тоа време, Џон бил на врвот од славата, па фановите јавно негодувале. Но тоа не ја променило неговата одлука.

Сега, по 30 години брак, и понатаму е среќен и задоволен татко и сопруг.

На прашањето што мисли за фактот што негови врсници веќе се разведуваат од третата или четвртата сопруга, музичарот одговорил:

Тоа не е опција за мене. Уште првпат многу добро разбрав се’. Мојата сопруга сепак е лепилото што го држи нашиот брак. Јас сум луд сонувач, кој постојано е во облаци. Жена ми храбро ме следи и додека лебди со мене, таа по пат ги држи сите конци. Секогаш е тука за да ја спаси ситуацијата!“

Бракот на Бон Џови и неговата сопруга најпрво предизвикувал само огорчување кај луѓето, особено во текот на првите години од бракот.

https://www.instagram.com/p/Bw12FW2heN-/

Тоа навистина беше шок за сите. Сепак, им бев идол на многу млади девојки, а потоа одеднаш станав оженет човек. Кога се вратив од Лас Вегас и му кажав на мојот менаџер дека сум се оженил, тој полуде: ‘Дали воопшто знаеш што значи тоа за твојата кариера?’, ми викаше. Се каравме со денови.“

Дури и мајка му била вознемирена и не го прифаќала овој ненадеен брак.

Воопшто не бев потресен поради тоа. Напротив, цела Америка тагуваше таа недела. Постојано се обидуваа да не’ скараат“, се присетува музичарот.

https://www.instagram.com/p/Bt3_PLXBebV/

Без оглед на се’, бракот не бил само среќен, туку многу среќен! Бон Џови признава дека и по 30 години брак, тој уште повеќе ја сака својата сопруга.

Апсолутно се’ зависи од мојата сопруга: нашето семејство, мојата кариера, јас. Најмногу сум му благодарен на Бога што ми го даде ова чудо – да сакам и да верувам.

Мојата сопруга е најсилната жена што некогаш сум ја сретнал! Токму нејзината смиреност и самодоверба ми помогнаа да ги достигнам врвовите. Таа не стои зад мене, во сенка на големиот музичар, туку таа ме надополнува“, признава пејачот.

Сопружниците се посветени филантропи. Доротеа Херли, на пример, го водела проектот „Кујна на душите“, чија цел била да ги нахрани оние на кои топлата храна им е неопходна.

Мојата сопруга се’ прави сама и сите заслуги ми ги припишува мене“, често се шегува пејачот.

https://www.instagram.com/p/B2PjpeVhQMv/

Сопругата на Џон Бон Џови никогаш не сакала да привлекува внимание.

Обично стојам на неговите концерти и само слушам. Ги обожавам сите песни на мојот сопруг – прекрасни се. Но кога ги слушате во живо, тоа е нешто неверојатно“, раскажала Доротеа во една прилика.

Таа никогаш не им замерува на многубројните фанови кои буквално го прогонуваат пејачот. Напротив, Доротеа искрено им е благодарна што го обожаваат она што го прави нејзиниот сопруг.

Сопружниците успеале да постигнат оптимална рамнотежа и хармонија во бракот.

https://www.instagram.com/p/BzdjWlSAwKE/

Никогаш не сум имал и никогаш нема да имам семејство со некоја друга жена, или љубовница. Никогаш нема да прочитате нешто слично за мене. Причината е што едноставно не ми треба тоа во животот и не ми е интересно“, додава тој.

На прашањето како ја одржуваат среќата во бракот, Бон Џови и Доротеа само се погледнале и посилно се стегнале за рацете. Тие тврдат дека не постои ништо посебно што би можело да се сподели со другите.

Одиме во иста насока. Тоа функционира некако. Секогаш сме се движеле во иста насока, никогаш во спротивна, тоа е целата тајна!“, открила Доротеа.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.