Земете три лаврови листа и направете го ова: Проверете дали во вашиот дом има негативна енергија!

Фенг шуи

Според верувањата, вака ќе откриете дали во вашиот дом владее лоша или добра енергија

Според фенг шуи-верувањата постојат разни техники за тестирање и прочистување на енергијата во домот, а за една од нив ќе ви треба лавров лист.

Се верува дека листот од лавор освен што има лековито дејство, одбива и негативна енергија и енергетски го прочистува просторот, но и дека со помош на овој зачин можете да откриете дали има негативна енергија присутна во домот.

Ќе ви требаат 3 лаврови листа, свеќа или кибрит и една чинија. Запалете го лавровиот лист и ставете го во чинија да изгори. Потоа, излезете на тераса или надвор од просторијата, за да ви се прочисти сетилото за мирис околу 10 секунди.

Мирисот што ќе го почувствувате кога ќе се вратите во просторијата може да открие каква е енергијата во вашиот дом. Ако мирисот е пријатен и чувствувате нешто смирувачко, домашно и убаво, тогаш се верува дека енергијата е позитивно. Доколку мирисот е непријатен, премногу јак и се чувствува нешто кисело и труло, тогаш се верува дека во домот се насобрала негативна енергија и дека време е да го прочистите животниот простор.

Овие фенг шуи трикови ќе го спречат одливот на пари од вашиот дом: Поради овие грешки во уредувањето постојано губите пари!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.