Овие фенг шуи трикови ќе го спречат одливот на пари од вашиот дом: Поради овие грешки во уредувањето постојано губите пари!

Мали а значајни промени

Дали ви се чини дека месецот сè уште не ни почнал официјално, а вие веќе сте шворц?

Ако ова не е еднократно сценарио, односно ако од месец до месец забележувате дека имате сè поголеми одливи на пари, треба да направите нешто во врска со тоа. Одвреме-навреме сите трошиме повеќе пари поради непланирани трошоци, како што се поправки во домот и слично, но ако парите едноставно ви исчезнуваат и покрај сите ваши напори, можеби можете да влијаете врз тоа со методите на фенг шуи.

Применете ги овие фенг шуи трикови за да привлечете богатство…

Имате отровни стрели

Еден од најчестите причини за губење пари е занемарувањето на присуството на отровни стрели. Па за што се работи? Кога влезната врата од вашиот дом е паралелна со задната врата или со прозорецот во вашиот дом, тоа се вика отровна стрела. Ваквото уредување доведува до пребрзо трошење пари. Со блокирањето на погледот кон задната врата или прозорец можете да го сопрете одливот на пари. За таа цел можете да искористите билки, панели, завеси и слично.

Ја гледате бањата од влезната врата

Ако вратата од бањата е првото нешто што го здогледувате кога ќе влезете во вашиот дом, треба да знаете дека на тоа место парите никогаш нема долго да се задржат. Треба да најдете начин да го блокирате погледот кон вратата од бањата, односно да ја направите невидлива од влезот.

Парите исчезнуваат низ каминот

Метафорички кажано, каминот ги запалува вашите пари, ако е поставен кон вашата влезна врата. И во овој случај треба да најдете некаква блокада помеѓу каминот и влезната врата. Завесите, панелите и големите зелени билки се добро решение.

Одраз на влезната врата во огледало

Погрижете се огледалото никако да не биде поставено спроти вашата влезна врата. Ова не само што ќе ви го потисне приходот, туку и ќе ви ја намали секоја шанса да ги задржите парите што ќе ви пристигнат. Какво било поставување огледало во влезниот простор е погрешно. Треба да се погрижите влезната врата од ниеден агол да не се одразува во него, во спротивно парите нема долго да се задржат во таа куќа.

Нема патека до влезната врата

Чи е енергија на која ѝ треба пат што ќе го следи. На енергијата што влегува во вашиот дом ѝ треба поплочен пат. Иако тревникот изгледа убаво без патека што го дели на средина, тоа значи дека нема сигурен влез за пари во вашиот дом.

Привлекува пари како магнет: Ако го ставите овој предмет под креветот, ќе живеете во изобилство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.