Сите членови на кралското семејство строго се придржуваат до овој начин на исхрана: Благодарение на ова секогаш се здрави и вити!

Нутриционистка открива

Нутриционистката Габриела Пикок, која со години соработува со кралското семејство, открива како изгледа нивното дневно мени и по кои принципи се хранат

Исто како што почитуваат правила кога станува збор за однесување и облекувањето, секој член на ова семејство се придржува и до одредени правила во исхраната. Сигурно сте забележале дека речиси сите членови на кралското семејство имаат доживеано длабока старост, и тоа благодарение на овој начин на исхрана.

Тие применуваат повремен пост. Пикок е заговорничка на два модела, 4:3 (четири дена во недела се јаде без ограничувања, а три се внесуваат само 500 калории) или моделот 16:8 (се пости 16 часа во денот, а 8 часа се јаде).

Постот, како што тврди, не им се препорачува на клиентите исклучиво поради слабеењето, туку затоа што наведените методи дејствуваат противвоспалително, спречуваат кардиоваскуларни болести и го забавуваат стареењето.

Пикок исто така тврди дека еден од клучевите за добро здравје е урамнотеженото внесување шеќер, па затоа препорачува:

„Никогаш немојте да јадете овошје на празен стомак, бидејќи тоа ќе ги покачи нивото на шеќер во крвта, исто како и кафето. Препорачувам да јадете овошје во комбинација со протеини.“

Грицките на база на протеини, како јогуртот со јаткасти плодови и разни семиња или протеински плоки, ги препорачува како попладневен меѓуоброк.

Вечерата, вели, би требало да биде најлесниот оброк во денот. Најдобро би било таа да се состои од сварена риба или туна и многу сезонски зеленчук.

Ручекот се состои од месо што нема висок процент на масти, како и од многу зеленчук.

За појадок препорачува кајгана од едно цело јајце и 4 белки и 2 парчиња тост.

Најнеобичното кралско правило: Кралицата Елизабета Втора не му го дозволува ова никому во семејството
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.