Заспијте за 1 минута, каде било и кога било: Техника што му успева секому и насекаде!

Од искуство

Еве како една жена научила да заспива за една минута…

Прочитајте го искуството на оваа жена и дознајте ја нејзината техника…

Сѐ започна една недела пред венчавката на мојот најдобар пријател. Мојата нервоза достигна епско ниво. Воопшто не можев да спијам. Најмногу ме загрижуваше тоа што ќе бидам кума и ќе морам да кажам нешто пред сите. На микрофон. Со оглед на тоа што сум многу срамежлива, можете само да си замислите колку бев нервозна!

Кога станав утрото, имајќи предвид дека три ноќи претходно немав око склопено, јасно се гледаше дека имам сериозен проблем. Идната невеста ми предложи да пробам една техника со помош на која би требало да заспијам за една минута.

Бидејќи таа се занимава со јога, медитација и правилно дишење, ѝ поверував и одлучив да го послушам нејзиниот совет.

Најлесниот начин да ја запомните оваа техника е да ја наречете „4-7-8“.

Вдишувајте на нос 4 секунди. Задржете го здивот 7 секунди. Издишувајте од уста 8 секунди.

Оваа вежба за дишење ја забавува работата на срцето и ги смирува нервите. И тоа се случува многу брзо: во само неколку повторувања.

И пред да сфатам дека дејствува, јас заспав. Наредните денови пред венчавката, спиев како бебе. Тоа продолжи и понатаму.

Истражував малку зошто оваа техника толку добро функционира и еве до кои заклучоци дојдов:

Кога ќе почувствувате стрес или анксиозност, адреналинот ви минува низ вените, срцето чука со голема брзина, а дишењето станува брзо и плитко. Затоа, овој трик дејствува како седатив.

Бидејќи вештачки го забавувате дишењето, вашето тело тогаш е принудено да ги намали фреквенциите на вашето срце. Кислородот не е секогаш доволен за испумпување свежа крв. Дишењето кое доцни со намерното забавено издишување ја забавува работата на срцето. Ова е физиологија.

Оваа техника, исто така, го смирува срцето, бидејќи постојано морате да броите во себе и да го усогласувате дишењето. И исто така, затоа што брзото дишење и анксиозноста секогаш одат рака под рака.

Бројни неврофизиолози ја потврдиле делотворноста на оваа техника. Како резултат на тоа, целото тело се опушта. Толку брзо, како некој да ви ставил анестезија.

Харвардскиот лекар Андру Веил вели дека техниката 4-7-8 е позната во индиската јога илјадници години. Се користи за опуштање и ослободување од стрес.

Кинеска техника за здравје постара од 6.000 години: Лекува депресија, ослободува од болки и стрес! (ВИДЕО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.