7 луѓе за кои нема да ви се верува дека постојат: Тоа што се поинакви не значи дека се несреќни! (ВИДЕО)

Неверојатно!

И додека се борите со своите несигурности, сетете се само дека постојат и вакви луѓе

Никој не може да одбере каде ќе се роди и како ќе изгледа. Некои луѓе се природно убави, некои имаат интересни генетски мутации кои ги прават посебни, а има и луѓе кои изгледаат поинаку и кои ги сожалуваме, иако навистина нема потреба да ги сметаме за несреќни.

Многу такви луѓе всушност се полни со животна енергија, ентузијазам, а неретко, поради својот несекојдневен изглед, стануваат и светски сензации. Во продолжение погледнете 7 интересни случаи на луѓе, за кои можеби никогаш не би поверувале дека навистина постојат…

Јоти Амге

Јоти живее во Индија и според Гинисовата книга на рекорди, таа е најмалата жена на светот. Јоти е висока точно 62,8 сантиметри. Нејзината висина е резултат на болеста Ахондроплазија.

Султан Косен

Султан Косен е турски фармер кој според Гинисовата книга на рекорди е највисокиот човек на светот, висок 2.51 метра. Причината за неговиот раст е тумор кој влијае врз неговата хипофиза. Поради својата висина мора да оди на патерици. Косен живее со родителите и со тројца браќа и сестри. Сите освен него се со нормална висина.

Азеја Акоста

Азеја е роден без вилица. Докторите прво мислеле дека Азеја нема да ги преживее првите неколку месеци, но тој преживеал. Потоа, докторите кажале дека нема да може да оди, но тој нема никакви проблеми со движењето. Она што докторите го погодиле е дека Азеја никогаш нема да може да зборува, меѓутоа, тој има богат социјален живот и тоа што нема вилица не го спречува да живее нормално.

Сара Гуртис

Сара има само 29 години, но поради ретка болест, има многу брчки на себе, поради што многумина мислат дека 50 и повеќе години. Сара смета дека нејзината збрчкана кожа е најубавото нешто на неа и таа со гордост ги носи своите години.

Преостанатите „чудни“ луѓе, погледнете ги во следново видео…

https://www.youtube.com/watch?v=cC0M2d0esVw

На 10 години имала ментални способности на 23-годишничка: Запознајте ја најинтелигентната жена на светот! (ВИДЕО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.