Кинеска техника за здравје постара од 6.000 години: Лекува депресија, ослободува од болки и стрес! (ВИДЕО)

Кинеска медицина

Многу е лесна за изведување, а го штити физичкото и менталното здравје

Анксиозноста и депресијата кои се јавуваат кај многу луѓе во самоизолација поради коронавирусот, можете да ги победите со практикување на кинеската вештина Чи Гонг.

Чи Гонг е древна кинеска вештина, која според некои извори има историја подолга од 6.000 години.

Оваа форма на кинеска медицина со усогласеност помеѓу движењата и дишењето постигнува рамнотежа на умот и телото. Се темели на традиционалното кинески верување дека телото има енергетско поле, што го создава природниот здив „чи“.

Старите Кинези верувале дека зборот „чи“ означува енергија што го исполнува целиот универзум, додека зборот „гонг“ означува движење, акција.

Па така, со движењата се влијае врз „чи“ енергијата во телото.

Чи Гонг е наука, филозофија и начин на живот. Чи е супстанца што го исполнува универзумот и се состои од три компоненти: материјални, енергетски и спиритуални.

Како се изведуваат вежбите?

Можете да ги практикувате во стоечка, седечка, лежечка положба, како и во одење.

Здравствени придобивки од Чи Гонг
  • Ја подобрува кондицијата на телото
  • Ја зајакнува внатрешната енергија
  • Ослободува од стрес
  • Го зајакнува имунитетот
  • Лекува анксиозност
  • Лекува депресија
  • Ја зголемува самодовербата
  • Ги намалува лутината и загриженоста
  • Помага во борбата со високиот крвен притисок
  • Ги намалува болките во разни делови од телото

Со практикувањето на оваа кинеска вештина ќе ги излечите умот и телото и сите негативни мисли ќе ги претворите во позитивни.

Позната јапонска техника: Само една вежба е доволна да ги отстраните болките во грбот засекогаш!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.