Позната јапонска техника: Само една вежба е доволна да ги отстраните болките во грбот засекогаш!

Подобрете си го држењето

Оваа моќна вежба ќе ви го исправи ‘рбетот за две недели

Правилното држење на ‘рбетниот столб не е само естетски убаво, туку многу е важно и за здравјето. Доколку ‘рбетот е во правилна положба, болките во грбот ќе исчезнат.

Физичката активност е најдобро решение во овој случај, а постои една вежба што најефикасно ги елиминира овие проблеми.

Оваа техника е многу едноставна за изведување, а највлијателна е кај луѓето што имаат проблеми со неправилно држење и болки во грбот и вратот.

Секоја година расте бројот на луѓе што се борат со ваков вид болка. Доколку спаѓате во оваа група, оваа техника е како создадена за вас. Потребно е да издвоите само неколку минути дневно, а резултатите ќе бидат видливи по 2 недели.

Па така, за да имате држење како на балерина, еве што треба да направите:

  • Исправете се
  • Раширете ги нозете во ширина на рамена
  • Гледајте право пред себе
  • Испружете ги рацете покрај телото и почнете внимателно да ги кревате над главата така што дланките ќе ви се допираат.
  • Спојте ги дланките, а потоа и надворешните страни на дланките и повторете го тоа неколку пати.
  • Вратете ги рацете во почетната положба.

Правете ја оваа вежба 10 минути.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.