Необичен трик што дава одлични резултати: Во оваа финта за отстранување подочници се колне и Сандра Булок!

Вреди да се проба

За овој трик нема да ви требаат ни многу пари, а ни многу време

И славните дами како актерката Сандра Булок имаат проблеми со подочниците, кои знаат да го нарушат целиот изглед. Во овој случај ни најдобрата шминка не помага. Темните кругови можат да се маскираат некако, но кога се работи и за отеченост, потребно е некое подобро решение од шминка.

За овој проблем често се пишува и зборува, но веруваме дека малкумина чуле за овој трик. На светот му го откриле Ким Кардашијан и Сандра Булок и иако звучи многу бизарно, тврдат дека е многу ефикасен.

Имено, холивудската актерка признала дека обожава да користи крем за хемороиди за да се ослободи од подочниците.

„Долго време не знаев дека кремот против хемороиди може да се стави и на подочници за да се намали отеченоста. Кога првпат го ставив, бев воодушевена и оттогаш често го користам“, признала Булок.

„Овој крем ја затегнува кожата. Тоа е навистина стар трик. Смрди ужасно, но дава резултати“, рекол шминкерот на Ким Кардашијан, Марио Дедивановиќ.

Експертите тврдат дека состојките во овој крем ги намалува крвните садови, а со самото тоа и црвенилото, па успешно се бори против отеченоста.

Домашен третман со зелен чај за уморни очи и подочници

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.