Зелениот чај е совршено здрав производ заради своите антиоксидативни состојки.
Првично, зелениот чај бил многу популарен во Кина и се користел за лекување на сите видови главоболки и депресија. Денес се користи за многу работи, како и за многу здравствени придобивки.
Покрај здравствените придобивки, зелениот чај има голем број на добри работи за кожата и телото. Зелениот чај ќе помогне при подмладување на кожата и може да се користи и за лекување на рани и заболувања на кожата. Делува како природен тонер, помага да се отстранат нечистотиите, да се намалат порите и да и се даде сјај на кожата.
Третман за уморни очи и подочници:
Ставете две кесички зелен чај во фрижидер 30 минути. Ладните кесички чај ставете ги на затворени капаци. Седнете и опуштете се 15 минути. Користете го овој метод два пати на ден – сè додека не сте задоволни со резултатите!
Прочитајте и: Направи сама: Маска за лице од јаболка
ФОТО: Pixabay