Внука се пожалила на баба ѝ дека животот ѝ е тежок и полн со проблеми: Никогаш нема да го заборави нејзиниот одговор!

Секогаш биди – како кафе!

Што одбираш, да бидеш морков, јајце или кафе?

Еден ден, внуката ѝ се пожалила на својата баба за животот и сите тешкотии што тој ѝ ги предизвикува. Ѝ било многу тешко и била на праг да се откаже од сè, бидејќи токму кога ќе се избори со еден проблем, се појавувал втор тогаш кога најмалку се надевала.

Бабата внимателно ја сослушала внуката, а потоа ја замолила да дојде со неа во кујна. Наполнила три тенџериња со вода, па во едното ставила морков, во другото јајце, а во третото кафе. Без ниеден збор, ги вклучила трите рингли, за содржината во секое тенџере да се згрее, да зоврие и да се свари.

По кратко време, бабата ги исклучила ринглите и извадила сè на посебни чинии. Потоа се свртела кон девојчето и го прашала: „Што гледаш овде?“

„Морков, јајце и кафе“, збунето рекла внуката, и додала: „Но не знам што сакаш да постигнеш со ова“.

Бабата не одговорила, само ѝ кажала на внуката да го допре морковот. На допир бил мек. Потоа, требала да го притисне јајцето. Лушпата веќе не била толку кршлива како пред варењето, а внатре било цврсто. Потоа, требала да ја допре водата со кафето. Водата станала погуста, покремлива и помиризлива.

„Што ти се допаѓа најмногу, драга моја? Кој од овие производи би сакала да бидеш? Да омекнеш како морков од проблемите и да станеш почувствителна, да ја изгубиш својата цврстина? Или попрво би била како јајце, чувствителна и нежна, но силна однатре? Или можеби најмногу би сакала да бидеш како кафе? Кога ќе ти се случи нешто врз кое не можеш да влијаеш, да го извлечеш најдоброто од тоа и да станеш уште подобра?

Ако си како кафе, кога животот ќе ти ги донесе најлошите околности, нема да ги гледаш како препрека, туку како можност да станеш подобра и да ги свртиш работите во своја корист. Биди како кафе, најдрага моја! Секој проблем гледај го како скала што секогаш ќе ти помага да се искачиш едно скалило повисоко!“

Поучна приказна: Човек спасил змија од оган, а потоа се случило нешто незамисливо!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.