Трик што ја отстранува и најупорната мувла во тоалетот: Проверено функционира!

Чистење тоалет

Во една фејсбук-група откриена е мешавина што ја отстранува и најупорната мувла

Мувлата најмногу се јавува во тоалетот, бидејќи таму има најмногу влага, па се крие околу одводот, славината на лавабото и кадата.

Отстранувањето на овие црни тврдокорни дамки може да биде многу незгодно, па жените ги откриле своите трикови што им ја олесниле оваа работа.

  • Една членка на групата открила дека користи мешавина од оцет, детергент за миење садови и сода бикарбона, додека друг корисник имал необичен совет:
  • Земете кечап и со него истријте го делот каде што се насобрала мувла. Така ќе го отстраните и бигорот што настанал од водата.
  • Натопете тоалетна хартија со оцет и ставете ја да отстои на мувлата 10 минути.

Откако жената ги прочитала сите совети, се одлучила за смесата од сода бикарбона, детергент за миење садови и оцет.

Откако ја нанела оваа мешавина на одводот, сите нечистотии исчезнале!

Овие места во бањата повеќето од нас редовно забораваат да ги чистат
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.