5 чекори за совршено нанесување кармин

Совети од експерт

Ако сè уште не сте толку вешти да ја истакнете убавината на усните на вистински начин, погледнете ги овие пет беспрекорни чекори за нанесување кармин што ги користат познати шминкери.

Пилинг

Прескокнувањето на првиот чекор се чини како навистина лош почеток, затоа не заборавајте да го слушате шминкерот Николас Ленон и да започнете да правите пилинг на усните. Може да нанесете некој што сте го направиле сами или како најбрзо решение да ги истриете усните со четка за заби или влажен пешкир, можеби да најдете нешто од веќе постоечката понуда на производи за убавина, не е важно, но запомнете го ова – добриот пилинг е апсолутна основа на сè!

Хидратација

Хидратацијата е задолжителна по ексфолијацијата, но внимавајте да не претерувате, предупредува Ленон. Подготовката на кожата е најважниот дел од рутината за шминкање!

Нацртајте ги усните

Користете молив за усни и прецизно нацртајте и дефинирајте го обликот на усните.

Пополнете ги остатокот од усните

Сега е време да ја раширите омилената нијанса на целите усни, секако, внимавајќи на границите што ги нацртавте на последниот чекор. Ленон препорачува да користите четка бидејќи ќе ви даде поголема контрола врз тоа колку кармин нанесувате. После тоа, нежно натапкајте ги усните со шамивче.

Додадете сјај

Нанесете сјај за дополнителен волумен! Впечаток на исполнетост е најлесен да се постигне ако ставите малку сјај на средината на долната усна, истакнува Ленон.

Прочитајте и: Тајни на убавината на прекрасната Сандра Булок

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.