Талогот од кафе прави чуда за цвеќињата: Ако се употреби на овој начин, го поттикнува растот на билките и ги штити од штетници!

Трик на искусни градинари

Ако го фрлате талогот од кафето, правите голема грешка – доколку се употреби правилно, може да ги прероди цвеќињата

Можеби не сте знаеле дека оваа смеса што најчесто ја фрламе откако ќе ја испиеме шолјата кафе, може да биде многу корисна за нега на билките.

Градинарите објаснуваат како талогот од шолја кафе да го искористите како ѓубриво или заштита за вашето цвеќе…

Зајакнете го компостот

Талогот од кафе е добар извор на азот. Редовно додавајте го во компостот за да ја зајакнете неговата моќност.

Отстранете ги штетниците во градината

Полжавите и бубачките не сакаат многу да се искачуваат преку препреки со кисел состав, каква што е внимателно сипаниот талог од кафе низ градината.

Направете домашна мешавина за прихрана

Додајте половина шолја талог од кафе во 2 литри вода, па оставете го да отстои 24 часа. Можете да го сипете директно во коренот на билките без да ги оштетите, а нема да им наштетите ни на децата што си играат во градината.

Изборете се со габичките

Талогот од кафе може да ви помогне да се изборите со разните колонии на габички што ги напаѓаат билките. Сипете талог директно на земјата и габичките ќе се повлечат.

Овие се најчестите грешки што ги правите во вашата градина
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.