5 знаци кои укажуваат на тоа дека вашиот партнер е себичен во кревет

Сексот со партнерот треба да биде активност што обезбедува задоволство, уживање, страст и поврзаност, а сите овие ефекти доаѓаат само кога обете страни се вклучени подеднакво и се грижат за благосостојбата на другиот.

Иако оргазмот не е и не мора секогаш да биде целта кон која се стремиме сите кога станува збор за сексот, кога тој е присутен, тоа треба да биде кулминација што ја достигнуваат обете страни. Денес, кога зборуваат за секс погласно и поотворено од кога било, многу жени сè уште остануваат лишени од тој сладок крај, а оргазмот го доживуваат како нешто недостижно и нешто што не им доаѓа природно.

Но вистината е далеку од тврдењето дека жените не можат да постигнат или имаат потешкотии да постигнат оргазам. Оргазмот е многу остварлив и двете страни мора да се стремат кон тоа. Ако и вие сте меѓу жените за кои оргазмот е само далечна и пуста желба, можеби едноставно имате себичен партнер кој не е подготвен да се мачи за вашето задоволство. Подолу ќе најдете пет карактеристики што упатуваат на ова.

Вие ја завршувате целата „работа“

Ако вашиот партнер е постојано пасивен и постојано очекува активност од вас на сите полиња, тоа е знак на себичност за време на сексот. Активноста за време на предиграта, оралното задоволување и напорот за време на сексот треба да бидат меѓусебни. Ниту еден партнер не треба да очекува дека другиот ќе прави сè и ќе ужива во задоволството без да даваат ништо за возврат.

Избегнување на предиграта

За многу жени предиграта е многу важен дел од сексуалниот однос, а некои не можат да доживеат оргазам без неа. Ако вашиот партнер го избегнува тој дел и веднаш преминува на секс, тоа е знак дека сака да ги задоволи само неговите потреби.

Неодобрување на вашите желби

Не треба да чувате за себе никакви желби, фантазии и работи што ги сакате во сексот. Но, ако ги кажете и ако наидете на незадоволство и неодобрување од вашиот партнер, треба да знаете дека сте наишле на себичност на вашиот партнер. Никој никогаш не смее да прави работи поради кои се чувствува лошо за време на сексот. Но, ако вашиот партнер одбие работи како предигра, менување пози или поголема вмешаност во секс, треба повеќе да зборувате за сето ова за да видите дали има одредени проблеми или дали станува збор за себичност.

Партнерот е фокусиран само на она што тој го сака

Сексот секогаш треба да биде активност што ја уживаат двете страни. Ако вашиот партнер ве принудува да направите нешто што го сака само тој или ако се налути кога ќе одбиете да направите нешто што ве прави да се чувствувате лошо, тоа е знак дека се однесува себично. Слично на тоа, партнерот за време на сексот треба да биде фокусиран не само на својата кулминација, туку и на желбите на другата страна.

Партнерот верува дека ги има сите права поврзани со сексот

Себичноста во сексот често се манифестира во барањата за секс и неприфаќањето на „не“ како одговор. Лице кое мисли дека има право на секс во секое време и која може да каже „не“, но не смее и не сака да чуе како одговор на прашање во врска со сексот не е само себично, туку и опасно.

Прочитајте и: 5 помалку познати работи што ја намалуваат желбата за секс

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.