На 14 април сè се менува: Венера влегува во знакот Бик и носи неочекувани промени!

На ова особено обрнете внимание!

Венера ќе биде во знакот Бик сè до 8 мај

Никому нема да му падне лесно, но една група луѓе особено е на удар од овој космички феномен. Венера конечно излегува од Овен и влегува во Бик, што ќе донесе големи промени во љубовта.

Од 21 март Венера беше во Овен, што нè полнеше со немирна енергија и не ни дозволуваше да се смириме во ниту една сфера од животот! Сето тоа ќе се смени во среда, на 14 април кога ќе влезе во Бик и ќе остане таму до 8 мај. Венера ни „наредува“ за забавиме, да застанеме и да уживаме.

Интуицијата ќе биде зголемена и без оглед на тоа во кој знак сте родени, ќе сакате да си дадете оддишка.
Слично ќе биде и во љубовта, нема да се задоволите со малку. Ако сте на почеток од врската, сега е моментот за романтика и страст. Ако веќе подолго сте во врска, отпуштете ги кочниците и дозволете му на срцето да ве води.

Една група луѓе би требало особено да внимаваат за време на владеењето на Венера во Бик, а тоа се оние кои инаку премногу трошат.

Ако често „фрлате“ пари, да знаете дека до 8 мај не е добар период за големи трошоци. Самоконтролата нема да ви биде најсилна страна, а доколку никако не можете да се воздржите, стиснете заби и потрошете поголема сума на нешто квалитетно, наместо на повеќе ситни, но евтини работи.

Обрнете внимание на она што го кажувате

Венера во Бик нè тера да кажеме работи пред да размислиме, а тоа никако не е добра идеја овој период. Можеби ќе навредите некого, а и покрај фактот што не сте имале лоши намери, ќе ви треба многу време за да си го исчистите образот.

Точно на 18 април возможни се посериозни караници, па до тој датум обидете се да средите сè што не ви е јасно во некој однос – никако не го чекајте тој ден.

Најубавите и најпривлечни жени се родени во овој хороскопски знак
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.