Светица што ја разбира женската душа и го простува секој грев: На Голема Богородица задолжително направете го ова!

Голем празник

Одвојте време за молитва, бидејќи времето за молитва значи време за нашата душа

Голема Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник е спомен за смртта на Богородица и верниците го слават на 28 август кога завршува и постот што трае 14 дена.

Голема Богородица е денот кога таа се воздигнала на небото и го предала својот дух во рацете на Спасителот. Според преданието, Богородица живеела 60 години, според некои извори 72, го надживеала својот син и како сведок на многу славни настани, ја продолжила неговата мисија.

Во Светото писмо нема податоци за крајот на земскиот живот на Богородица. Според преданијата во списите, кои немаат свет карактер, се смета дека божјата мајка до крајот на животот, односно и по смртта и воскреснувањето на Христос, живеела во Ерусалим, опкружена со вниманието на апостолите и првата христијанска заедница.

На иконите, овој празник обично се претставува така што се прикажува постелата на која лежи Богородица со вкрстени раце на градите. Од двете страни на леглото има свеќници со запалени свеќи. До нозете на Богородица, Свети петар кади со кадилце, а покрај главата се Свети Апостол Павле и Свети Апостол Јован, а преостанатите апостоли се до креветот. Присутни се и големите христијански писатели Свети Дионисије Ареопагит, Иротеј и Тимотеј, кои го држат Евангелието, а тука се и жени кои плачат. Над Богородица е Христос кој ја држи душата на Богородица во вид на дете, опкружен со светлина и ангели.

Со оглед на тоа што на празникот му претходи двонеделен пост, на 28 август посебно жените одат на причест, бидејќи овој ден се смета за празник на жените и мајките.

Како светица, мајка и жена, единствено таа ја разбира душата на секоја жена. Во народот се смета дека Голема Богородица ја разбира женската мисла, болка и страдање. Поради тоа што разбира, се смета дека оваа светица и простува.

Во некои краишта се смета дека во периодот помеѓу двете Богородици, Голема и Мала Богородица (21 септември), најдобро е да се берат лековити билки со кои се лекуваат разни болести.

На Голема Богородица одвојте малку време за молитва, бидејќи тоа е единственото време што ѝ го посветувам директно на нашата душа.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.