Болки во долниот дел на грбот и замор во колковите може да бидат алармантни знаци на слабост

Обрнете внимание при вежбањето

Може да поминувате часови фокусирани на стомачните мускули, но ако не зајакнете сила, ви недостасуваат главните придобивки од развивање на совршени стомачни мускули.

Физикалниот терапевт Џеф Кавалиер објасни зошто дури и ако имате видливи стомачни мускули, вие всушност може да имате слаб стомак.

„Не станува збор за тоа како изгледаат вашите стомачни мускули однадвор. Најважно е како тие функционираат и каква е нивната сила одвнатре“, рече тој.

Еве ги знаците дека имате слаби стомачни мускули:

Замор во колковите

Ако вежбате стомачни вежби, како што е популарната вежба „ножички“, каде лежите на подот и ги кревате испружените нозе нагоре и надолу и се чувствувате уморни само во свиоците на нозете и колковите, тоа значи дека вежбате погрешни мускули.

Наместо стомачните мускули да ги контролираат вашите движења, тоа го правите со нозете. Па, ако го правите тоа, време е да ја поправите вежбата. Одделете ги рамената од земја, стиснете ги стомачните мускули и користете ги колковите како помошни мускули, а не како главна цел на вежбата.

Болки во долниот дел на грбот

Ако треба да ги „зацврстите“ стапалата и ако го удирате грбот на подот по секое повторување, имате слаби стомачни мускули.

Кога вежбате стомачни мускули, треба да ги контролирате движењата и да не чувствувате болка во долниот дел на грбот. Но, ако ова сè уште се случи, тоа е затоа што повторно ја изведувате вежбата со колковите наместо со стомакот, што предизвикува стрес на долниот дел на грбот.

Подуеност на долниот дел на стомакот

Ако забележите дека долниот дел на стомакот е надуен, тоа значи дека вашите стомачни мускули не се доволно силни за да го повлечат попречниот абдоминален мускул. Бидејќи тој е клучен мускул, при изведување на вежби за стомачни, не заборавајте да го насочите и него.

Тренирате постојано со ист товар

Абдоминалните мускули не работат само кога правите насочени вежби за нив. Тие исто така помагаат да се постигне стабилност во други вежби, како на пример, сквотови и мртво кревање.

Ако ги направите овие вежби правилно и ако мислите дека би можеле да додадете малку поголема тежина, тоа веројатно значи дека имате слаби стомачни мускули затоа што не ги затегнувате доволно. Важно е да го „шокирате“ телото и да додадете поголема тежина или да го зголемите бројот на повторувања.

Нестабилност

Можете ли да се кренете од подот без рацете или лактите? Ова е основен тест за јачина.

Овој тест покажува колку се силни вашите стомачни мускули и ако не успеете, време е да работите на нив.

Прочитајте и: Како да се ослободите од вишокот на кожа по губење на тежината?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.