Сите погрешно сме ги сечкале овие намирници: Вака правилно се сечка домат, а вака се сечка кромид!

Трикови од кујната

Самите си го отежнуваме сечкањето на многу намирници

При сечкањето на некои намирници постојат практички трикови што значително ја олеснуваат постапката. На тој начин ќе го одбегнете нередот и многу побрзо ќе ја завршите работата. Добро е да ги знаете овие трикови за сечкање…

Кромид

Кај кромидот, важно е да не ја отстранувате петелката при сечкањето. Тоа го прави компактен кога се сечка и значително го олеснува сечкањето на коцки, бидејќи можете да го придржувате за петелката со рака и така ќе го намалите ризикот од посекотини.

Киви

Кивито може да се јаде со кората, што многу луѓе не го знаат, повеќето сметаат дека подобро е да ја отстранат влакнестата кора. За да го направите тоа, отстранете го горниот и долниот дел, а потоа лупете го кивито со лажица по кората и плодот. Потоа, исечкајте го кивито по желба. Истата техника функционира и со портокалите.

Сирово месо

За да биде месото полесно за џвакање, при сечкањето мора да се внимава да се разделат мускулните влакна. За да го направите тоа, загледајте го месото, идентификувајте ги белите мускулни линии, а потоа исечкајте го месото свртено за 90 степени, за да може тоа што повеќе да се „дели“ при процесот на сечење.

Домат

Ако станува збор за голем домат, прво треба да ја отстраните петелката со нож. Потоа, немојте да го сечкате доматот од дупчето нагоре или надолу, туку секогаш нека биде на страна. На тој начин, доматот ќе ја задржи структурата и ќе истече помалку сок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cofruly SA Officiel (@cofruly_sa)

Манго

Мангото може да се приготви на различни начини. Ако овошјето е веќе зрело, можете да го преполовите мангото на пократката страна, да го отворите и потоа да ја извадите семката. Инаку, добро е да го пресечете мангото надолжно на третини. Потоа, со нож исечете ја десната и левата страна по должина на тенки парчиња, па повторно хоризонтално. Така ќе добиете мали коцки што лесно може да се одвојат со лажица.

Аспарагус

Дали со нож ги сечете дрвенестите краеви на аспарагусот? Тоа не е потребно, само скршете ги така што ќе го свиткате аспарагусот до посакуваната точка. На тој начин, постои уште поголема веројатност дека ќе го погодите местото што го одвојува дрвенестиот дел од мекиот, одошто ако се обидете да го направите тоа со нож.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maja & Jernej Zver (@jernejkitchen)

И вие плачете додека сечете кромид? Спречете ги солзите со овие трикови
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.