„Маж ми ѝ се јави на свекрва ми додека водевме љубов“: Еве што се случило потоа!

Урнебесни искуства

Фото: Unsplash

На социјалната мрежа Redit може да се прочитаат најразлични искуства, но оваа необична и многу непријатна ситуација ја прокоментирале повеќе од 4.000 корисници

Имено, млада брачна двојка од Германија уживала во страсно водење љубов, не обрнувајќи внимание дека близу нив се наоѓаат мобилните телефони. Во тој занес, мажот случајно ѝ се јавил на мајка му, без да забележи! Многу непријатна ситуација, нели?

Овој дечко истакнал дека тоа е една од најсмешните, но и најнепријатни ситуации што некогаш му се случиле во животот!

„Уживав со мојата сопруга, а потоа одеднаш го слушнав гласот на мајка ми! Не ни сфатив што се случува, бидејќи брзавме. Кога го слушнав нејзиното смеење, не можев да поверувам што сум направил. Со месеци потоа не можев да ја погледнам мајка ми в очи, која оттогаш постојано се шегува на моја сметка“, раскажува овој младич.

Од друга страна, нагласил дека неговата сопруга била многу лута на него.

„Беше во шок, не знаеше што да каже. Веднаш ме нападна поради тоа што не сум внимавал. Долго одбегнуваше да се сретне со мајка ми, бидејќи никако не можеше да се опушти и да зборува нормално со неа“, продолжил да објаснува.

Додал и дека се надева дека семејните односи ќе им се средат што поскоро и дека овој немил настан набрзо ќе се заборави, доколку тоа е некако возможно.

Уште едно интересно искуство

Како што коментарите под оваа објава почнале да се нижат со брзина на светлината, уште еден маж го опишал моментот кога имал огнен љубовен однос со својата сопруга, во соба каде што светлата биле исклучени.

„Девојката беше врз мене. Почувствував дека прстите на нозете ми се мокри и си помислив дека тоа е таа, иако никогаш немав спомнато фетиш со стапала. Бев збунет, бидејќи не ми се допаѓаше тоа. Излезе дека кучето ми ги лижело стапалата“, напишал корисникот на Redit.

„Ја исфрлив свекрвата од нашиот кревет, а потоа започна драмата“: Реакцијата на нејзиниот сопруг ќе ве шокира!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.