Што ги убива бактериите на облеката – детергентот или врелата вода?

Како најдобро да се заштитите

Сè почесто облеката ја переме на пониски температури, заради економичност и од страв дека ќе ја уништиме на високи температури, но експертите тврдат дека оваа практика треба да запре.

Сè повеќе парчиња облека што ги носиме на етикетата имаат ознака дека е дозволено да се пере на температури до 30 степени. Сепак, експертите предупредуваат дека ако облеката ја переме на температури под 60 степени, тоа би можело да биде опасно за нашето здравје.

Опасните бактерии, како што е ешерихија коли, на пример, лесно се пренесуваат преку облеката и може да се задржат на долна облека дури и по нејзиното перење на температури од 60 или 90 степени.

Бактериите се нормални жители на човековите црева, но одредени видови предизвикуваат инфекции на уринарниот тракт и цревата и доведуваат до многу тешки форми на болест што можат да бидат фатални.

Професорот Филип М. Тиерно, микробиолог од универзитетот во Њујорк, предупредува дека долна облека лесно може да пренесе ешерихија коли од цревниот тракт до уринарниот тракт. Затоа оние што сакаат да носат облека изработена од нежни материјали што не можат да издржат миење на 90 степени, им се препорачува да користат детергент кој содржи пероксид.

Исто така, детската облека мора да се мие на повисоки температури со цел да се отстранат сите штетни бактерии од неа.

За многумина миењето на 30 степени е примамливо затоа што е краткотрајно, а со тоа и поекономично, но треба да се има предвид дека бактериите живеат во човечкото тело на телесна температура од околу 37 степени, што значи дека само повисоки температури можат да ги убијат.

Кога станува збор за постелнините, експертите советуваат да ги менуваме навлаките на перниците секој петти ден и чаршафите на секои десет дена. Се разбира, постелнината треба да се мие на температури над 60 степени.

Со цел дополнително да се обезбедиме и заштитиме од штетните бактерии, препорачливо е да се вклучи и празна машина за перење на програма од 90-степени најмалку еднаш месечно за да се отстранат акумулираните бактерии.

Прочитајте и: 8 грешки за време на перење: Не сте ни свесни колку ја уништувате облеката!

 

ФОТО: Getty Images

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.