8 грешки за време на перење: Не сте ни свесни колку ја уништувате облеката!

Веднаш престанете да ги правите

Прочитајте што никако не треба да правите за да не ви се уништи облеката

Лесно е да се вклучи машината за перење алишта и да се фрли облека во неа, но за да ви остане гардеробата што подолго неоштетена, би требало да почитувате одредени правила.

Многу домаќинки несвесно ја уништуваат облеката, правејќи одредени грешки.

Ги одвојувате само светлите и темните работи

Ова е основата, но треба да размислите и за одвојување на облеката според видот на ткаенина. Фармерките и блузите се перат заедно на 40°Ц, но ако се заедно со „тешки“ парчиња, блузите од лесен материјал може да се уништат.

Лесните и тешките ткаенини перете ги посебно. Исто така, би било добро да ја одвоите облеката според тоа колку е валкана. Многу валканите парчиња, како работна облека и спортска опрема, перете ги одвоено од секојдневната облека.

Не користите омекнувач

Омекнувачот ги штити влакната и облеката подолго ќе ви трае ако го користите, но ја штити облеката и да не се оштети за време на перењето. Сепак, не одговара за секој вид ткаенина. Во спортската облека од целосно синтетички микровлакна не треба да се сипува омекнувач.

Не ја превртувате облеката

Ако им се лутите на вашите домашни бидејќи ги фрлаат маиците за перење превртени наопаку, грешите, бидејќи тоа ја штити облеката.

Не внимавате на нежната облека

Осетливите материјали како што се свила и тантела, изискуваат ниски температури, бидејќи ако ги перете на високи температури, можете да ги уништите. Но никогаш не ви се собира доволно нежна облека за да ја наполните машината, зар не? Тогаш, слободно ставете ја со преостанатата облека на 40°Ц. Ќе преживее, но со текот на времето целосно ќе се уништи.

Ништо не перете на раце

Ако го правите ова, многу грешите. Доколку некое парче облека е пренежно за да се пере во машина, треба да го почитувате тоа. Наполнете леген со ладна вода, додајте детергент за нежна облека и оставете го потопено 15 минути. Потоа, нежно исперете го, без силно триење. Исперете го со ладна вода и немојте многу да го цедите со раце. Најдобро е да ја прострете облеката на дебел пешкир за да го впие вишокот вода.

Не читате етикети

Тоа е основниот чекор: држете се до упатствата на етикетата. Научете што значат разните симболи на неа.

Не знаете што да закачите, а што да здиплите

Бидете паметни околу тоа што ставате на закачалка, а што редите на полици во плакарот. Одвојте неколку секунди за да ги здиплите панталоните и да ги ставите на полица и закопчајте ги горните копчиња на кошулите што ги ставате на закачалка, бидејќи така нема да се растегнат.

Важно е и какви закачалки користите. Тенките закачалки од жица ја растегнуваат и уништуваат облеката. Најдобри се дрвените закачалки, бидејќи се малку пошироки, а најдобри се оние покриени со плишена ткаенина.

Волнените џемпери никогаш немојте да ги закачувате на закачалка, бидејќи ќе се растегнат и ќе добијат непосакуван облик. Диплете ги на полици. Сличното важи и за сушењето облека. Џемперите сушете ги пространи на пешкир, блузите и кошулите на закачалка.

Не ги закопчувате патентите

Нивните метални запци можат да ја оштетат облеката. Закопчувајте ги сите патенти пред да ја ставите облеката во машина за перење.

Царуваат бактерии и нечистотии: Овие грешки се причината за непријатната миризба од машината за перење

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.