Научниците откриле: Ако уживате во ова, вие сте поинтелигентни од другите!

Истражувањата покажале

Истражувањето тврди дека ако ве засмејуваат овие теми, вие сте интелигентна личност

Доколку сакате црн хумор и се смеете на морничави шеги додека другите чудно ве гледаат, поинтелигентни сте од останатите, тврдат научниците.

Имено, едно истражување на Медицинскиот Универзитет во Виена испитувало 156 возрасни лица кои сакаат црн хумор, односно луѓе кои се смеат на помрачни теми, како болести, смрт, хендикеп или војна.

Научниците им покажале 12 цртани филмови на популарниот германски хуморист Ули Стајн, во кои преовладувале темите смрт (50%), болести (17%), физички хендикеп (25%), лечење (8%), а од нив се барало да го оценат следново:

  • Тежината – колку им било тешко да го разберат тој хумор и да ја сфатат поентата
  • Вулгарноста – колку шегата била вулгарна или невкусна
  • Изненадувањето – колку биле изненадени од поентата на шегата, колку била неочекувана
  • Новоста – колку шегата им е нова и непозната
  • Интересот – колку интересна е темата
  • Склоноста – колку генерално сакаат каков било хумор

Испитаниците биле оценувани за вербална и невербална интелигенција, нарушувања на расположението и агресивноста, а се покажало дека токму тие што најмногу уживале во цртаните се најинтелигентни, најобразовани, најмалку проблематични и најмалку агресивни помеѓу испитаниците.

Од друга страна, просечните луѓе со средна интелигенција, ретко кога уживаат во „црн хумор“, заклучиле австриските научници.

Поради нив коефициентот на интелигенција рапидно се намалува: Дали и вие ги имате овие навики?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.