Поради нив коефициентот на интелигенција рапидно се намалува: Дали и вие ги имате овие навики?

Време е да се преиспитате

Во се’ треба да се биде умерен. Со претерување само си наштетуваме себеси

Иако на прв поглед се чини дека следниве навики немаат никаква врска со интелигенцијата, научно докажано е дека сепак имаат големо влијание врз мозочните клетки. Повеќето од нас овие навики секојдневно ги применуваат.

Тие се поврзани со животниот стил, а истражувањата покажале дека одредени активности што еден човек систематски ги повторува влијаат врз неговите когнитивни способности.

Консумирање заситени масти

Овие масти ги има во млечните производи и масното месо. Научниците заклучиле дека таквата храна негативно влијае врз работата на кардиоваскуларниот систем, бидејќи го зголемува нивото на лошиот холестерол во крвта, кој му наштетува на крвниот систем. Како резултат на тоа, нормалната циркулација на крвта кај човекот е нарушена, а тоа доведува до недостиг од кислород во мозокот и забавување на неговото функционирање.

Покрај тоа, се нарушуваат многу други процеси во централниот нервен систем, кои влијаат врз менталната состојба и предизвикуваат појава на негативни емоции, како што е тагата.

Извршување повеќе работи одеднаш (мултитаскинг)

Неврохирургот Ерл Милер од Технолошкиот институт во Масачусетс спровел истражување фокусирајќи се на ефектите што ги има работата на повеќе задачи врз човечкиот мозок.

Резултатите се следни: човечкиот мозок не може да функционира правилно во услови кога е оптоварен од повеќе страни. Имајќи предвид колкаво влијание има мултитаскингот врз нивото на интелигенција, цената е многу висока.

Премногу време поминато пред телевизор

Гледањето телевизија е најевтиниот и најлесниот начин да се растоварите и опуштите, бидејќи не бара вложување никаков физички или психички напор. Меѓутоа, последиците од таквата забава може да бидат многу сериозни.

Навиката долго да седите пред екранот го намалува нивото на интелигенција. Како резултат на тоа, не само што станувате пасивен набљудувач, туку и работата на мозокот е пригушена.

Недостиг од сон

Квалитетниот сон е една од најдобрите навики што може да придонесат за нормално функционирање на мозокот. По тоа, човек се чувствува одморен, полн со енергија и подготвен за новиот ден.

Истражувањата покажале дека луѓето што не спијат доволно, брзо се изморуваат, прават повеќе грешки и имаат зголемена емоционална нестабилност. Раздразливи се и имаат тенденција да се вознемират и при најмалата незгодна ситуација. Не потценувајте ја моќта на добриот сон. Истражувањата покажуваат дека тој значително ја подобруваат меморијата.

Внесување преголема количина на шеќер во организмот

Големите порции шеќер исто така го нарушуваат нормалното функционирање на мозокот. Истражувањата на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес покажале дека ако личноста консумира големи количини на шеќер 6 недели, ќе има потешкотии во обработувањето на складираните информации. Фактот што деменцијата е најчеста кај луѓето што имаат дијабетес не е случајност.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време