Научниците веруваат: Ова е најризичното место во домот за пренесување коронавирус!

Истражување

Новиот вирус очигледно долго се задржува во фекалните материи, покажало истражувањето

Најризичното место во домот за пренесување коронавирус е тоалетот, веруваат научниците.

Неодамнешното тестирање спроведено во еден домот каде што бил изолиран пациент заразен со коронавирус покажало дека тоалетната шолја, мијалникот и кваката од тоалетот се позитивни на вирусот, што ја зголемува можноста дека уште еден начин на пренесување на вирусот би можело да биде преку фекалиите.

Претпоставката на научниците дека тоалетот е најризичен, лежи во фактот што по повлекувањето вода во тоалетот, вирусот се шири во просторијата и контаминира и други подрачја во близина.

Истражувањето на доктор Сеана Веи Ксианг Онга од Националниот центар за инфективни болести во Сингапур покажало и дека на поголемиот дел од заштитната опрема на негувателите, како и во ходникот во домот, не било забележано присуство на вирусот.

Долго се задржува во фекалии

„Кога размислуваме за начините на пренесување коронавирус, тоа не е првата работа што би ни паднала на памет пред ова истражување. Очигледно мора дополнително да се посвети внимание на дезинфекцијата на тоалетот по секоја употреба, како и детално миење раце по извршување нужда“, предупредува доктор Аарон Глат, директор на болницата „Монт Синаи Саут Насау“ во Њујорк.

Новиот вирус, очигледно, долго се задржува во фекалните материи. Па затоа, ако не ги измиеме темелно рацете и не го дезинфицираме тоалетот по употреба, постои зголемен ризик од зараза.

Доктор Онг тестирал домови на три заразени пациенти кои биле изолирани во домашни услови. Кај секој од нив биле земени 26 примерока од собата во која поминувале најмногу време, од тоалетот и од претсобјето. Примероци биле земени и од лекарите што ги посетувале во самоизолација.

Доказ колку е важна дезинфекцијата

Првиот пациент бил тестиран два пати – четвртиот и десеттиот ден од болеста. Тестовите биле земени по чистењето на наведените простории и покажале негативен резултат. Просториите на другиот пациент биле тестирани два пати по дезинфекцијата и исто така биле негативни на коронавирус.

Меѓутоа, кај третиот пациент биле земени примероци пред чистењето, а му биле тестирани и примероци од столицата, кои биле позитивни на вирусот. Доктор Онг вели дека на три од пет места во тоалетот бил пронајден вирусот, додека немало контаминација на примероците од ходникот.

„Ризикот од пренесување од контаминирани обувки е многу низок, што го покажуваат нашите резултати, но имаме и очигледен доказ дека редовната лична хигиена, како и одржувањето хигиена во тоалетот по секоја употреба е многу важна“, вели доктор Онг.

Чистење на тоалетот за време на епидемија: Три работи на кои особено треба да внимавате

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.