Професионалните готвачи откриле моќен трик: Како да пржите кромид, без да го замирисате целиот дом – клучот лежи во една состојка!

Кулинарски совет

Ваквиот начин на приготвување кромид ќе ви помогне да го неутрализирате неговиот мирис

Кромидот, празот, лукот се дел од речиси сите јадења. Кромидот им дава посебен вкус и арома на јадењата, додека може да се обработува на различни начини.

Приготвувањето јадења што содржат кромид не е многу омилено, поради мирисот што се ослободува од него. При динстањето, доминира мирисот на кромидот што се впива во целиот дом, косата и гардеробата.

Главниот виновник за непријатниот мирис и ослободувањето сулфур од кромидот, до кој доаѓа при термичката обработка. Сепак, постои начин како да се одбегне непријатниот мирис.

Главниот сојузник во борбата против силниот мирис на кромидот е содата бикарбона.

По сечкањето на кромидот, треба да го ставите во тавче со загреано масло и едно кафено лажиче сода бикарбона. Доколку станува збор за поголема количина на кромид, на пример повеќе од половина килограм, треба да додадете цела супена лажица сода. Динстајте го кромидот како и вообичаено.

Уште една добра работа е што кромидот ќе се згусне, па ќе биде полесен за варење. Исто така, можете да ја одбегнете употребата на запршка, бидејќи содата бикарбона убаво ќе го згусне кромидот и ќе го постигне истиот ефект како и запршката.

Овој трик исто така го користат и професионалните готвачи.

Сите погрешно сме ги сечкале овие намирници: Вака правилно се сечка домат, а вака се сечка кромид!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.