Пејачката им пркоси на стандардите: Ги покажала масните наслаги на стомачето и испратила моќна порака!

Зборови што секоја жена треба да ги запамети

Селена Гомез повторно ги руши наметнатите стандарди за убавина

Младата пејачка Селена Гомез отворено зборува за она што многумина го кријат. Призна дека поминала низ тешка депресија и анксиозност и дека имала сериозни психички проблеми.

Многумина се воодушевени од пејачката бидејќи зборува на важни општествени теми, кои сè уште се табу. Силно се труди да покаже дека ничиј живот не е совршено, колку и да изгледа тоа така. Отворено се бори против наметнувањето нереални стандарди, што сега уште еднаш го потврдила.

Имено, пејачката на својот ТикТок-налог споделила видео со интересна содржина. Се снимила како лежи во едноделен костим за капење, додека ѝ се гледаат масните наслаги во пределот на стомакот. Во позадина оди аудио што вели „вовлечи го тоа“, на што следи одговорот: „Доста со тие глупости. Вистинските стомаци се враќаат, во ред?“

@selenagomezVaca self

♬ original sound – unwinewithtashak

Во последно време, пејачката ја користи секоја можност да им даде поддршка на жените и да ги поттикне да се чувствуваат добро во своја кожа. Често истакнува дека сака да јаде и дека не им обрнува внимание на вишокот килограми и на негативните коментари што ги добива на сметка на својот изглед.

Селена придоби многу срца со овие постапки.

Инспирација за лето: Ова се најдобрите мејкап моменти на Селена Гомез
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.