Инспирација за лето: Ова се најдобрите мејкап моменти на Селена Гомез

Тренд

Ова се најдобрите мејкап моменти на Селена Гомез во кои се заљубивме, а веруваме и вие!

Селена Гомез е можеби нова во големата индустрија за шминка, но тоа не значи дека не умее да се нашминка. Благодарение на нејзината слава и работата со познатите шминкери, Селена лесно ја совлада целата магија во светот на шминката, а тоа и овозможи да ја лансира колекцијата шминка “Rare Beauty“.

Најдобрите мејкап моменти на Селена Гомез

Селена со години не воодушевува со изборот на шминка. Некои беа класични, некои најмодерни, а некои беа толку свежи што успеа во тој момент да ги претвори во тренд. Подолу ви ги претставуваме нашите фаворити кои се навистина незаборавни!

Вечна класика

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Потемен кармин, совршен тен, малку руменило, бронзер и впечатлив ајлајнер. Селена создаде модерна верзија на класичен мејкап изглед кој одговара на сите.

За црвениот тепих

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Пејачката на доделувањето на наградите Critics Choice изгледаше како принцеза од бајките. Розево руменило, ајлајнер и “nude” мат кармин беа сосема доволни за Селена да блесне на овој настан.

Неонски бои

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Неонските бои пристигнаа повторно на големата врата на мејкап сцената, а тоа особено важи за сенките за очи. Селена одлучи да го истакне аголот на окото токму со овие нијанси.

“Sun kissed”

Во последниве некоку сезони, портокаловата боја остава голем печат во светот на шминката. Покрај карминот, исклучително се актуелни портокаловите сенки за очи и руменилото со чувство на праска. И Селена многу добро го знае тоа!

Нежно розова

Розовата боја, се чини, секогаш некаде ја има кога е шминката во прашање. Селена си поигра со нежни розови нијанси, како на очите, така и на усните. А ефектот секако не не остави рамнодушни.

“Smokey eyes”

Оваа техника на шминкање отсекогаш била популарна, иако има различни варијации на темата. Овој пат Селена се одлучи за понежна, но сепак поефикасна верзија.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.