Подобрете го квалитетот на сонот

Со помош на природата

Чаевите од матичина и од мачетрева ќе ви помогнат да се ослободите од напнатоста и мирно да спиете.

Познати се лековитите дејства на чаевите за ублажување голем број здравствени тегоби, меѓутоа некои од нив имаат и смирувачки својства.

Ако страдате од несоница, се будите во текот на ноќта, чувствувате немир или непријатност, чаевите се тука да ви помогнат. Матичината е исклучително делотворна.

Доволно е едно лажиче матичина да се прелее со 200 мл зовриена вода, да се поклопи и да се остави да отстои десетина минути, а потоа да се процеди. Дозволено е да се пијат до три шолји чај од матичина дневно.

Исто така, сличен ефект има и чајот од корен од мачетрева, попозната како валеријана. Едно лажиче од овој чај треба да се прелее со 150 мл зовриена вода. Откако ќе отстои 10 минути, се процедува. Може да се консумира неколкупати дневно.

Овие два чаја може да ја ублажат мигрената, како и упорните грчеви.

Фото: Pixabay, Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.