Пламенот од божиќната свеќа открива многу работи: Внимавајте на која страна се наведнува!

Обрнете внимание

Ронките од трпезата не се фрлаат, туку им се даваат на животни

На најрадосниот христијански празник треба се’ да започнете правилно уште наутро. Миробожењето по обичај се правело меѓу мажот и жената, само мажот не се миробожел со жената.

Кога се миробожи, се вели: „Мир Божји, Христос се роди. Му се поклонуваме на Бога и на Христовото раѓање!“.

Се палат свеќи. Некогаш тие се правеле од домашен восок. Свеќата им е наменета на живите и колку што има живи луѓе во куќата, толку свеќи треба да се запалат, се собираат заедно и се обвиткуваат со црвена свила. Свеќите се палат во пченица или во некое друго жито.

Во црква се оди рано, а кога луѓето ќе се врателе, тогаш ја поставувале трпезата.

Покрај разните јадења и пијалаци, на средна на масата се става така украсена свеќа. Пред да се седне на маса, се пали свеќата и се кажува молтива, се зачадува куќата, трпезата и домашните со темјан. Додека свеќата гори, се гледа во која насока се наведнува пламенот и како се разлева восокот.

Ако восокот од свеќата се разлева по житото, се смета дека ќе има добар род, на која страна се наведнува пепелот и пламенот се сметаа дека таа страна ќе роди.

Кога ќе се стигне до половина јадење, свеќата се гасне и тоа така што се зема парче лушпа од лук, се потопува во вино и потоа така се гасне свеќата, тоа парче потоа се јаде, а сите пробуваат од виното. Ронките од трпезата не се фрлаат, туку им се даваат на стоката или кокошките.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.