Снежна торта за свечената божиќна трпеза: Засладете им го денот на вашите најмили!

Снегулка!

Сочни залачиња!

Оваа торта е едноставна за приготвување, лесна, пенеста и воздушеста. А идеална е за божиќните празници поради својот совршен вкус.

Состојки:

За пандишпанот

  • 5 белки
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 1/2 кесичка прашок за печиво

За смесата

  • 500 мл млеко
  • 5 жолчки
  • 100 г шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 50 г чоколадо за готвење
  • околу 200 г бисквити
  • 300 мл слатка павлака
  • 1 кесичка инстант-желатин

Декорација за тортата

  • 200 мл слатка павлака или шлаг-шена
Приготвување:

Изматете ги белките со шеќерот, додајте брашно и прашок за печиво. Смесата сипете ја во плех обложен со хартија за печење, па печете на 200 степени Целзиусови, околу 30 минути. Сварете 100 мл млеко и ванилин шеќер. Одвојте го печениот пандишпан од хартијата, избодете го, па прелејте го со врелото млеко. Оставете го да се олади.

Сварете 400 мл млеко. Изматете жолчки и шеќер, па прелејте ги со врело млеко. Вратете ја смесата на рингла, па варете ја смесата, односно филот, постојано мешајќи. Штом почне да врие, тргнете го на страна. Во топлата смеса измешајте го желатинот. Посебно изматете 300 мл слатка павлака, па измешајте ја со млакиот фил. Оставете да се олади.

Изрендајте чоколадо и бисквити. Додајте ги во филот, кој целосно се оладил, па сето тоа измешајте го.

Во чинија ставете го пандишпанот, па ставете рабови од калап за торта што сте го обложиле со фолија. Озгора ставете го кремастиот фил, па оставете го во фрижидер еден-два часа за да се зацврсти кремот.

Кога кремот ќе се зацврсти, тргнете ги рабовите од калапот, па целата торта премачкајте ја со изматена слатка павлака или со шлаг-пена, по вкус. Декорирајте по желба, па послужете.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.