Познатиот актер од „Луди 70-ти“ ја запросил 11 години помладата манекенка: Романтика на море за Нова година!

Нека им е со среќа!

Убави вести во новата година

Вилмер Владерама, најпознат по улогата на Фез во серијата „Луди 70-ти“, наскоро ќе застане пред олтарот. Актерот среќните вести ги открил на Инстаграм така што објавил фотографија која настанала во моментот на запросувањето.

Манекенката Аманда Пачеко ја запросил точно на Нова година, а разликата меѓу нив од 11 години не им попречила својата љубов да ја крунисаат со веридба.

„Отсега сме само ние“, напишал Валдерама на фотографијата која многу брзо собрала повеќе од 300.000 лајкови и неколку илјади воодушевени честитки.

https://www.instagram.com/p/B6zjt0mgbHD/?utm_source=ig_embed

Истата фотографија на својот профил ја објавила и неговата вереница.

Гласините за нивната врска се појавиле во април минатата година кога биле видени на романтична прошетка во Лос Анџелес, а пред Аманда актерот бил во врска и со Деми Ловато и Менди Мур.

Дури и со поранешните девојки и понатаму е во добри односи, па токму тој и’ бил најголема поддршка на Деми откако се предозирала и се лекувала од зависности.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.