Овие се најчестите грешки што ги правите во вашата градина

Глава зелена салата засадена веднаш до другите растенија и изгледот на почвата на време ќе ви покаже кога е потребно да ги наводнувате другите растенија во градината за да не загинат.

Животните изеле сѐ

Цветовите и растенијата што ги садите секогаш ќе бидат цел на вашите миленици или на некој друг. Единствениот начин да го спречите ова е да го оградите она што сте го засадиле.

Хербициди

Хемиските хербициди ја трујат почвата, па ако ги користите за да се ослободите од вишокот трева, ризикувате да не расте ништо на таа почва следните неколку години. Ќе се ослободите од тревата полесно (т.е. извадете ја) ако ја наводнувате еднаш дневно со подготовка на истиот сооднос на топла вода и оцет.

Дрвени стапчиња против „незгоди” 

На секого може да му се случи да извади нов вид цвет сметајќи дека е плевел. Затоа подгответе се однапред и вметнете дрвени стапчиња во земјата веднаш до засадените семиња. На тој начин потоа ќе знаете што пораснало.

Проверете ја состојбата на почвата во градината

Ако не ја подготвите почвата, голема е веројатноста дека нема да добиете квалитетно овошје. Затоа, тестирајте ја земјата секоја година за да знаете во што ќе успеете. Измешајте малку почва со малку дестилирана вода и утврдете ја состојбата со лакмусова хартија.

Прочитајте и: Содата бикарбона може сосема да ги замени пестицидите: Еве како да ја користите во градината за да го спасите овошјето и зеленчукот од пропаѓање!

 

ФОТО: Unsplash

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.